Вторник, 24 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Свет

2666 вести во последните 90 дена
Тројца загинати и многу повредени во најновите руски напади врз Украина

Најмалку три лица загинаа во ноќните руски напади врз Украина, соопштија денеска локалните власти. Во напад со дрон врз станбена област во Запорожје загинаа една жена и еден маж, а најмалку уште едно лице е повредено во ударите на станбената област. Во Одеса на Црното Море, најмалку 17 лица, меѓу кои и петмесечно…

12.09.2026
Путин: Европа ги турка своите граѓани кон војна со Русија – изборите во Германија се доказ

Рускиот претседател Владимир Путин го поврза силниот резултат на крајно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) на неодамнешните покраински избори во Саксонија-Анхалт со грешките на западните земји. – Сè што моментално се случува во Европа е резултат на систематски грешки на западните држави во политиката…

12.09.2026
Експлозија погоди уште едно складиште за оружје во Бугарија

Силна експлозија предизвика пожар во складиште за оружје во централна Бугарија во текот на ноќта, јавија денеска локалните медиуми и официјални лица. Ова е втора експлозија во воени постројки во последните неколку недели. Нема извештаи за повредени во пожарот кој избувна во близина на селото Царева Ливада, а на…

12.09.2026
Ракетен напад врз Одеса: 16 повредени, меѓу нив и петмесечно бебе

Најмалку 16 лица се повредени, меѓу кои и петмесечно бебе, во утринскиот ракетен напад врз Одеса, соопшти претседателот на Одеската обласна воена администрација, Олексиј Кипер, преку „Телеграм“. Шестмина од повредените се хоспитализирани, меѓу кои и бебето, информира Кипер. „Како резултат на нападот, горните катови на…

12.09.2026
Повеќе од 40 повредени откако воз излета од шини во северозападна Франција

Најмалку 44 лица се повредени, од кои една жена потешко, кога дел од регионален воз со околу 180 патници синоќа излета од шините меѓу Руан и Кан во северозападна Франција, јави БФМТВ цитирајќи локални власти. Според телевизијата, возот се судрил со сè уште неидентификуван предмет. Еден вагон се превртел, а четири…

12.09.2026
Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД: Сега, пред да биде предоцна

Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика да се покрене постапка за забрана на крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) „пред да биде предоцна“. Ева Умлауф, која го преживеала нацистичкиот логор на смртта, го упати барањето во отворено писмо до Хендрик Вист, конзервативниот премиер на…

11.09.2026
(Видео) Три дена се држел за превртен чамец: спасено 15-годишно момче во Беринговото Море

Петнаесетгодишно момче преживеало речиси три дена држејќи се за превртен чамец во Беринговото Море, додека неговиот брат и братучед загинале. Го спасил екипажот на рибарски брод во близина на островот Сент Лоренс, кој ѝ припаѓа на Алјаска и се наоѓа во Беринговото Море, недалеку од рускиот брег, пишува АП. Тројцата…

11.09.2026
Погоден клучен нафтовод во Саудиска Арабија

Проектили вчера погодиле клучен нафтоводен систем во Саудиска Арабија, потврдија двајца американски претставници запознаени со ситуацијата, објави Си-ен-ен. Првичните анализи покажуваат дека биле погодени пумпни станици долж нафтоводот. Сателитските снимки покажуваат голема штета од пожар на една од станиците, додека…

11.09.2026
Кина со амбициозна цел: 70 отсто од новите автомобили да бидат електрични и хибридни до 2030

Кина постави цел до 2030 година електричните и хибридните возила да сочинуваат 70 отсто од продажбата на нови автомобили, а автономното возење да биде во широка употреба, предвидува новиот петгодишен план за автомобилската индустрија, пренесува „Блумберг“. Пекинг очекува и неколку кинески производители да се најдат…

11.09.2026
Трамп на годишнината од 11 септември: Никогаш нема да заборавиме

Американскиот претседател Доналд Трамп на комеморацијата во Пентагон порача дека САД никогаш нема да ги заборават терористичките напади од 11 септември 2001 година и дека борбата продолжува во име на 2.977 загинати. „Денес ја обновуваме светата заклетва што првпат ја дадовме во нивно име пред четврт век. Никогаш нема…

11.09.2026
Украина добива 6,1 милијарда евра од ЕУ за воена опрема и „Патриот“

Европската Унија ќе ѝ обезбеди на Украина дополнителна воена помош од 6,1 милијарда евра за набавка на опрема, пред сè пресретнувачи за системите „Патриот“, кои се клучни за одбраната од руските балистички ракети, објави „Еуроњуз“. Средствата се дел од пакетот заеми на ЕУ вреден 90 милијарди евра. Од нив, годинава…

11.09.2026
АфД поднесе кривична пријава против Мерц по обвинувањата за „етничко чистење“

Германската партија Алтернатива за Германија (АфД) поднесе кривична пријава против канцеларот Фридрих Мерц, кој во говор во парламентот оваа недела ја обвини антиимиграциската партија дека спроведува политика на „етничко чистење“. Пратеничката група на АфД во петокот во соопштение за јавноста наведе дека изјавите…

11.09.2026