Вторник, 24 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Свет

2666 вести во последните 90 дена
(Видео) Силно невреме ги погоди Словенија и Италија: паднати дрва врз автомобили, откорнати покриви

Извештаи за штети предизвикани од силни налети на ветер пристигнуваат од неколку делови на Словенија. Во Љубљана, ветерот го однесе покривот на една станбена зграда, додека големо дрво падна врз друга, објави Словенечката управа за заштита и спасување. Регистрирани се и неколку случаи на паданти дрва врз автомобили и…

09.09.2026
Захарова за реакцијата на ЕУ на погребот на Младиќ: Ги мачи независната политика

Коментирајќи ја реакцијата на ЕУ на погребот на Ратко Младиќ, портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, рече дека независната политика на Белград, која не се вклопува во рамките на режимот на ЕУ, е тоа што не му дава мир на Брисел. На прашањето на новинарот на RT Balkan што сака…

09.09.2026
Експлозија во Швајцарија, две лица загинаа

Две лица кои беа тешко повредени денес, по експлозија во хидроцентрала на југот на Швајцарија, им подлегнаа на повредите на лице место, според швајцарските медиуми. Станува збор за 55-годишен швајцарски државјанин со живеалиште во областа Лугано, додека идентификацијата на неговиот колега сè уште е во тек. Двајцата…

09.09.2026
(Видео) Невреме го погоди Загреб: ветерот носеше сè пред себе

Невреме го погоди Загреб, каде што силниот ветер соборуваше дрвја, однесе делови од покриви и сообраќајни сигнали, додека противпожарните сирени одекнуваа низ градот. Ненадејната промена на времето, која стигна до Хрватска преку Италија и Словенија, прво го погоди северниот Јадран и Горски Котар во текот на утрото, а…

09.09.2026
Црна Гора бара полноправно членство во ЕУ: Не прифаќаме статус на членка од втор ред

Црна Гора сака полноправно членство во Европската Унија и еднакви права со останатите членки, изјави црногорската министерка за европски прашања Маида Горчевиќ, нагласувајќи дека Подгорица е подготвена да прифати механизми за заштита од демократско назадување, но не и ограничување на правата. „Црна Гора е многу јасна…

09.09.2026
ЕУ ги менува правилата за јавни набавки: најевтината понуда повеќе нема да биде пресудна

Европската комисија предложи реформа на правилата за јавни набавки со која европските институции и јавни установи ќе се поттикнуваат да купуваат повеќе производи и услуги произведени во Европа, а при изборот на понудите поголемо значење ќе имаат квалитетот и други критериуми, наместо само најниската цена. Како што…

09.09.2026
Германија би можела да му достави на Киев податоци за Украинците способни за воена служба

Германија би можела да ѝ достави на Украина податоци за украинските мажи кои живеат во земјата и се способни за воена служба, за украинските власти да можат да ги контактираат во врска со евентуална мобилизација, изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул за „Билд“. Вадефул се согласи со лидерот на…

09.09.2026
Кина воведува построги правила за вештачката интелигенција и авторските права

Кина планира да ги заостри и приспособи прописите за заштита на интелектуалната сопственост поврзани со вештачката интелигенција и алгоритмите, како дел од новиот петгодишен план за периодот од 2026 до 2030 година. Планот предвидува подобрување на правилата за заштита на авторските права за содржини создадени со помош…

09.09.2026
Мерц ја нападна АфД: „Ремиграцијата“ во практика значи етничко чистење

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја обвини партијата Алтернатива за Германија (АфД) дека ја поддржува Русија на штета на германските интереси и дека промовира антиимиграциска политика која ја спореди со „етничко чистење“, објави Ројтерс. Обраќањето на Мерц пред Бундестагот следува откако неговата партија оствари…

09.09.2026
Мерц: Русија со месеци го подготвувала нападот врз аеродромот Лајпциг, избегнавме катастрофа

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека обидот за напад со дрон врз аеродромот Лајпциг/Хале бил со месеци подготвуван во Русија и директно насочен против Германија. „Само по чиста среќа избегнавме голема материјална штета и човечки жртви“, рече Мерц во обраќањето пред Бундестагот, додавајќи дека катастрофа била…

09.09.2026
Гугл започнува со огромни инвестиции во Европа: 13 милијарди евра инвестира во Финска

Гугл ќе инвестира најмалку 13 милијарди евра во инфраструктура за вештачка интелигенција во Финска во следните две години. Компанијата потврди дека ова е нејзината најголема поединечна инвестиција во Европа, објави Ројтерс. Стратешки избор на локација Финска стана исклучително привлечна локација за дата центри…

09.09.2026
„Аксиос“: Трамп не се спротивставил на британските санкции против израелските населби

Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, не се спротивставила на иницијативата на Велика Британија за воведување нови санкции против израелските населби на окупираниот Западен Брег, што претставува сигнал за незадоволство од политиката на владата на Бенјамин Нетанјаху, објави „Аксиос“, повикувајќи…

09.09.2026