Вторник, 20 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Американскиот министер за одбрана ненајавено пристигна во Израел

20.10.2026, 07:22

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет вчера ненајавено го посети Израел, каде што се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, објави „Аксиос“, повикувајќи се на два извора запознаени со случајот.

Пентагон и израелската амбасада во Вашингтон не одговориле веднаш на барањата за коментар, пренесува „Ројтерс“.

Посетата се случува само еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп јавно му даде поддршка на Нетанјаху пред парламентарните избори во Израел, закажани за следната недела.

Ова ќе бидат првите избори во Израел по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година, по кој следуваа војните во Газа, Либан и Иран.

Според анкетите на јавното мислење, се очекува верско-националистичката коалиција на Нетанјаху да го загуби парламентарното мнозинство потребно за формирање влада, иако и опозицијата би можела да се соочи со тешкотии при составувањето нова влада.

Поврзани вести