Понеделник, 9 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Џастин Тимберлејк по 20 години откри дека еден од неговите најголеми хитови не е посветен на Бритни Спирс

Американскиот пејач Џастин Тимберлејк (45) конечно ги демантираше гласините дека неговиот хит „What Goes Around… Comes Around“ е посветен на поранешната девојка Бритни Спирс.

Песната беше објавена во 2006 година, а многу обожаватели веруваа дека е инспирирана од нивното раскинување. Во тој период Спирс се разведуваше од Кевин Федерлајн. Сепак, Тимберлејк сега откри дека песната ја напишал по разговор со близок пријател кој му раскажал за проблемите во сопствената врска.

„Можеби треба да разјаснам една гласина што кружи со години. Всушност, ова не е лична приказна од мојот живот. Станува збор за приказна на еден пријател, од кого побарав дозвола да ја искористам. Поминуваше низ раскинување и ми раскажуваше што се случило. Го прашав: ‘Дали би ти пречело да напишам песна за тоа?‘ А мојот пријател ми рече, цитирам: ‘Да, уништи ја таа кучка. Сè се враќа, сè се плаќа‘. Тогаш му реков: ‘Морам да одам. Ти благодарам‘“, раскажа Тимберлејк.

Пејачот тврди дека песната ја напишал за едвај 20 минути. Нумерата, чиј видеоспот трае дури десет минути, стана голем хит.

Џастин и Бритни се запознале уште како деца, за време на снимањето на емисијата „The All-New Mickey Mouse Club“, а љубовната врска ја започнале во 1999 година.

Во своите мемоари „The Woman in Me“, објавени во 2023 година, Бритни го критикуваше поранешниот партнер поради видеоспотот за неговата песна „Cry Me a River“.

Во спотот Тимберлејк се појавува со жена која наликува на пејачката. Спирс сметала дека преку видеото била претставена како „развратница која му го скршила срцето на американското златно момче“.

Поврзани вести