Понеделник, 9 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Естетски хирург предупредува: „Младите жени сè повеќе сакаат да ги намалат стапалата и да ги стеснат рамената.“

Според професор д-р Јакуп Чил од Турција, младите луѓе сè почесто доаѓаат во ординациите на естетските хирурзи со сосема неочекувани барања, како што се намалување на стапалата или стеснување на рамената.

Како што пренесува порталот En Son Haber, тој истакна дека влијанието на социјалните мрежи довело до голем пораст на популарноста на естетските зафати.

„Луѓето често бараат од мене да им ја намалам големината на стапалата, со образложение дека обувките би изгледале поатрактивно и поелегантно доколку стапалата им се помали“, вели лекарот.

Тој понатаму објаснува дека младите жени често сакаат потесни раменици за облеката да им стои поелегантно, додека мажите сè почесто бараат хируршки зафати за проширување на рамениците.

„Овие операции воопшто не се толку едноставни како што можеби изгледаат на социјалните мрежи. Ваквите интервенции треба да се изведуваат само во случаи кога станува збор за вродена аномалија“, нагласува лекарот.

Вонредниот професор Емре Хоџаоглу, од Одделот за пластична, реконструктивна и естетска хирургија при Медицинскиот факултет во Истанбул, истакна дека младите во последно време почнале да бараат од своите родители да им платат естетски операции како награда за успешно завршената учебна година.

„Во последно време, филерите за усни станаа широко прифатени и сите ги прават“, вели лекарот. Тој нагласува дека секој хируршки зафат носи одредени ризици, поради што е од клучно значење пациентите да изберат квалификувани и искусни медицински стручњаци.

Тој исто така посочи дека старосната граница за изведување естетски зафати е значително намалена.

Поврзани вести