Фидан: Земјите во регионот треба сами да се грижат за сопствената безбедност

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денес изјави дека големиот интерес за Одбранбениот сојуз од Мека е јасен показател за позитивното влијание што можат да го имаат иницијативите ориентирани кон мирот во регионот, нагласувајќи дека Турција, Саудиска Арабија и Пакистан работат на институционализирање на оваа соработка.
Фидан го изјави ова на заедничка прес-конференција во Анкара, по разговорите со сирискиот министер за надворешни работи Асад Хасан Шајбани, на кои присуствуваа и министрите за одбрана на двете земји, пренесуваат светските медиуми.
Тој оцени дека регионалните околности бараат трајна и сеопфатна соработка на земјите од регионот, нагласувајќи дека безбедносните проблеми повеќе не треба да ги решаваат надворешни сили, туку самите земји од регионот, пренесува Танјуг.



