Среда, 4 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Иранската амбасада во Индија го исмеа дебаклот на Трамп: објави видео генерирано со вештачка интелигенција

Иранската амбасада во Индија го исмеа американскиот претседател Доналд Трамп по тешкиот пораз на Републиканската партија на изборите во САД.

На својот официјален профил на платформата Икс, амбасадата објави видео генерирано со вештачка интелигенција, на кое се гледа како телохранителите на Трамп го носат американскиот претседател и го фрлаат во контејнер за отпад, на кој стои натпис „Опасен отпад“.

X (Twitter)

The U.S. midterm elections 😄 https://t.co/KDm874Cb1f

— Iran in India (@Iran_in_India) November 4, 2026

Погледни на X

Видеото беше придружено со кратка порака: „Избори во САД“, проследена со емотикон.

Ова претставува отворено исмевање на Трамп и на изборниот неуспех на неговата Републиканска партија.

Поврзани вести