Петок, 30 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Клековски на 12. Турски медицински светски конгрес: Глобалните здравствени предизвици бараат заеднички одговори

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска се обрати на отворањето на 12. Турски медицински светски конгрес во Истанбул. Конгресот го организираат Министерството за здравство на Република Турција и Институтот за здравство на Турција, под мотото „Иновативно здравство: отпорни здравствени системи, наспроти глобалните здравствени закани“.

На отворањето, покрај турскиот министер за здравство, Кемал Мемишоглу, се обратија и министри за здравство од повеќе земји, меѓу кои на Малта, Босна и Херцеговина, Киргистан и други.

Во своето обраќање, министерот Клековски му честиташе на турскиот народ 103 години од прогласувањето на Република Турција и посака мир и благосостојба.

„Глобалните здравствени предизвици бараат заеднички одговори. Затоа, Македонија останува отворена за соработка со сите партнери кои ја споделуваат визијата за модерни, иновативни и отпорни здравствени системи“, истакна Клековски.

Тој додаде дека дигиталната трансформација на здравството е еден од приоритетите на Министерството, каде Турција има значајно искуство.

Министерот Клековски ја нагласи и соработката со Турција: „Република Турција за нас е долгогодишен и искрен пријател и значаен партнер“.

Тој посочи дека Турција изградила значајни капацитети во производството на лекови, вакцини и медицински помагала и во здравствените технологии. Според него, постои простор за соработка меѓу двете земји, во дигиталното здравство, истражувањето, иновациите и трансферот на технологии.

Во рамки на посетата, министерот Клековски ќе оствари повеќе билатерални средби, вклучувајќи и со министерот за здравство на Турција, Мемишоглу.

Поврзани вести