Петок, 20 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Мерц: Катар инвестира 15 милијарди евра во германскиот одбранбен и технолошки сектор

Катар ќе инвестира 15 милијарди евра во германскиот одбранбен и технолошки сектор, вклучувајќи ги областите на вештачката интелигенција (ВИ), производството на полупроводници и авијацијата, објави денес германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, во Берлин.

На заедничката прес-конференција со емирот на Катар, Мерц истакна дека овие инвестиции ќе ги зајакнат двете земји, особено во областите на идните технологии, пренесува Дојче Веле (ДВ).

„Ги зајакнува двете наши земји, особено во областите на идните технологии, како што се вештачката интелигенција, полупроводниците и авијацијата“, рече Мерц.

Поврзани вести