Среда, 28 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Најмалку 64 загинати и 80 повредени во железничката несреќа во Шпанија

Најмалку 64 лица загинале во тешката железничка несреќа во Шпанија, соопшти регионалната влада на Кастиља-Ла Манча.

Според најновите податоци, уште 80 лица добиваат медицинска помош поради повредите здобиени во судирот на двата брзи воза.

Несреќата се случи денеска, 28 октомври, во близина на Урда, во шпанската покраина Толедо. По судирот, вагони излетаа од шините, а спасувачките служби интервенираа на местото на несреќата.

Во несреќата учествувале возот АВЕ 2080, во кој имало 397 патници, и возот „Ирио“ 6076, со 147 патници.

Според сознанијата на шпанскиот весник „ABC“, првичните информации укажуваат на можна човечка грешка. Еден работник отстранувал дефект во системот за сигнализација, поради што возот АВЕ не добил предупредување дека во негова близина се наоѓа друг воз.

Според првичните претпоставки на Цивилната гарда, двата воза биле запрени, а на возот АВЕ му било наредено да тргне без да биде известен дека „Ирио“ сè уште стои непосредно пред него.

По судирот, спасувачките екипи започнале евакуација на патниците и извлекување на повредените од уништените вагони.

Причината за несреќата сè уште официјално не е утврдена, а истрагата продолжува.

Според дополнителните информации што ги објавија „Ел Паис“ и „Кадена СЕР“, дефектот во автоматскиот систем за сигнализација довел до запирање на повеќе возови на пругата. Потоа бил активиран резервен систем за регулирање на сообраќајот. Според првичната верзија на настаните, од контролниот центар во Аточа му било дозволено на возот АВЕ да продолжи со движење, иако возот „Ирио“ останал запрен пред него. Се испитува дали погрешна наредба довела до судирот.

Поврзани вести