Петок, 16 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Напад со нож врз купувачи во супермаркет во Јужна Кореја; најмалку 8 повредени

13.10.2026, 10:58

Најмалку осум лица се повредени денес во напад со нож во супермаркет во Инчеон, град во северозападна Јужна Кореја.

Според надлежните, една жена на возраст од дваесетина години имала срцев застој, додека останатите седум лица – мажи и жени на возраст меѓу дваесет и педесет години – се на болничко лекување.

Напаѓачот, 59-годишен маж, бил уапсен на самото место. Според извештаите на локалните медиуми, нападот се случил во хипермаркетот „Хоумплус“.

Полицијата започна истрага за да ги утврди точните околности и мотивот за нападот, пренесува „Кореа хералд“.

Поврзани вести