Путин: Странските служби користат напредна технологија за прикривање на криминални активности

Странските разузнавачки служби користат најнова технологија за прикривање на криминални активности, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи дека затоа е важно да се подобри работата на Федералната служба за финансиски надзор, Росфинмониторинг.
„Географијата и другите елементи на финансиските ризици несомнено се менуваат денес. Заканите често доаѓаат надвор од границите на Русија. Меѓународните криминални групи, како и странските разузнавачки служби, користат најсовремени технологии, вклучувајќи криптовалути и други инструменти за плаќање, за да ги прикријат криминалните и сомнителните трансакции“, рече Путин на церемонијата по повод 25-годишнината од Росфинмониторинг.
Според него, овие групи и служби сè повеќе се обидуваат да вклучат малолетници и млади луѓе во своите шеми, објави агенцијата „Интерфакс“.

