Среда, 11 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Спречен обидот за отстранување на американскиот секретар за одбрана; Трамп ликува

Обидот за отповикување на американскиот секретар за одбрана, Пит Хегсет – инициран поради наводи дека водел војна против Иран без овластување од Конгресот – е запрен во Претставничкиот дом. Мнозинството пратеници гласаа резолуцијата за отповикување да се упати до соодветната комисија, со што, барем засега, се става крај на иницијативата на републиканскиот конгресмен Томас Маси, кој дејствуваше спротивно на партиската линија, пренесува Би-Би-Си.

На својот прв брифинг за новинари во Пентагон по шест месеци, Хегсет го отфрли обидот за отповикување, нарекувајќи го „фарса“ и „саботажа“. Шансите секретарот да биде отстранет од функцијата беа мали уште од самиот почеток, бидејќи за тоа ќе беше потребно голем број републиканци да ја повлечат својата поддршка за претседателот Доналд Трамп.

Маси беше единствениот републиканец кој гласаше против упатувањето на резолуцијата до Комисијата за правосудство, која е под контрола на републиканците. Предлогот не помина, со 211 гласа „против“ и 204 „за“. Повеќе од десетина пратеници, меѓу кои и 11 демократи, не учествуваа во гласањето. Упатувањето на предлогот до комисија практично значи крај на иницијативата, со оглед на тоа што останува многу малку време до јануари, кога демократите ќе ја преземат контролата врз Конгресот.

Трамп ликува
Претседателот Трамп го прослави исходот со објава на платформата за социјални медиуми „Truth Social“, пишувајќи дека обидот за отповикување „доживеал мизерен неуспех“.

X (Twitter)

TRUMP: Says Democrats’ attempt to impeach Secretary of War Pete Hegseth failed, with every Republican except Thomas Massie voting in Hegseth’s favor https://t.co/YTIx7HWXvm

— Trump Truths (@trumptruthsbot) November 10, 2026

Погледни на X

„Победите во Венецуела и Иран, најголемиот интерес за приклучување кон војската во историјата (долги листи на чекање!) и моралот каков што ретко се гледа, доведоа до ОСЛОБОДУВАЊЕ на еден голем американски патриот“, напиша Трамп за Хегсет.

По гласањето, Маси изјави дека „не е изненаден“, но е „разочаран“, пренесува CBS. „Мојата дијагноза за Конгресот е дека овие луѓе знаат што треба да се направи. Тие едноставно не можат да се одважат да го сторат тоа, дури и кога тоа би било во нивна политичка полза“, додаде тој.

Поврзани вести