Уганда започна испитување на експериментална вакцина против ебола, ќе бидат опфатени и деца од една година

Во Уганда започна првото клиничко испитување на експериментална мРНК-вакцина против ебола, со цел да се испитаат нејзината безбедност и имунолошкиот одговор кај доброволците. За првпат во вакво испитување ќе бидат вклучени и деца на возраст од една година и постари.
Според Државниот институт за истражување на вируси во Уганда, во испитувањето се планира да учествуваат 224 доброволци. Во меѓувреме, од понеделник во Демократска Република Конго треба да започне тестирањето на вакцината „ChAdOx1“, развиена од Универзитетот во Оксфорд и индискиот Институт Серум.
Алијансата за вакцини Гави веќе склучила договор за набавка на 1,5 милиони дози од вакцината „ChAdOx1“. Нивната употреба ќе зависи од резултатите од клиничките испитувања, како и од добивањето одобренија од Светската здравствена организација и властите во Конго.
Од почетокот на епидемијата во Демократска Република Конго, во средината на мај, се потврдени најмалку 12.021 случај на зараза, а 5.904 лица починале.
Се очекува клиничките испитувања да завршат во почетокот на 2027 година.



