Марихуана и хашиш пронајдени кај 23-годишник од Скопје, со автомобил удрил полицаец при контрола

Дваесет и тригодишен скопјанец ќе се соочи со кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и напад врз службено лице, откако при полициска контрола со автомобил удрил полицаец.
Според информациите од МВР, на 17 ноември, на улицата „Благоја Стефковски“ во Скопје, полициски службеници запреле автомобил „сеат леон“, управуван од Т.А. При контролата во возилото била пронајдена и одземена марихуана.
По пронаоѓањето на дрогата, осомничениот го стартувал автомобилот и удрил полициски службеник, а потоа и паркирано возило. При претрес во неговиот дом, полицијата пронашла и одзела хашиш.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против 23-годишникот за двете кривични дела.


