Петок, 20 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Унгарија ќе го повлече ветото за преговорите на Украина со ЕУ, пишува „Еуроњуз“

Унгарија денес ги повлекува своите приговори за последните два преговарачки кластери за пристапување на Украина во Европската Унија, потврдија дипломати. Ова го отвора патот и за Киев и за Молдавија да започнат преговори за сите поглавја за членство во ЕУ, пренесува „Еуроњуз“.

Два дипломатски извори потврдија дека Унгарија има намера да го повлече ветото за отворање на последните два преговарачки кластери со Украина, за време на состанокот на амбасадорите на ЕУ. Овој потег го најави Андраш Биро-Наѓ, унгарскиот државен секретар за прашања поврзани со ЕУ, за време на дискусијата за проширувањето што му претходеше на вчерашниот состанок на Советот за општи работи во Брисел.

X (Twitter)

⚡️ Hungary lifts block on further progress for Ukraine, Moldova EU membership bids.

Hungary had been delaying the final approval needed to unlock the two so-called enlargement clusters, but without explicitly stating a reason.

https://t.co/MxrdLUUk9j

— The Kyiv Independent (@KyivIndependent) November 19, 2026

Погледни на X

Будимпешта долго време ја блокираше кандидатурата на Украина, со што го оневозможуваше отворањето на преговарачките кластери. Како последица на тоа, ова вето го запре и напредокот на Молдавија, чиј процес на пристапување останува поврзан со оној на Киев. Ставот на Унгарија се промени по преносот на власта од Виктор Орбан – кој владееше 16 години – кон Петер Маѓар. Првиот преговарачки кластер беше отворен во јуни, вториот во јули, а следните два во октомври.

Минатиот месец, Киев и Будимпешта постигнаа договор во врска со правата на унгарското малцинство во западна Украина, кој подоцна беше ратификуван од украинскиот парламент. По ова, унгарската влада беше подготвена да премине кон следниот чекор, иако отворањето на последните два кластери беше одложено за уште неколку недели. Поради долгогодишната антиукраинска реторика од ерата на Орбан, ваквата одлука стана политички чувствителна на домашната сцена.

Маѓар и претседателот на Украина, Володимир Зеленски ја одржаа својата прва билатерална средба на 16 октомври во Брисел, на маргините на самитот на Европскиот совет. Оваа средба претставуваше дополнителен чекор кон подобрување на односите меѓу двете соседни земји.

Поврзани вести