(Видео) Експлозија на проектил или дрон во Полска; се шират снимки

Се претпоставува дека утрово, во близина на селото Хмјелек во источна Полска – на околу 46 километри од границата со Украина – на полска територија паднал проектил или борбен дрон.
Ова се случило во моментот кога Русија изведувала масовен ракетен напад врз соседната земја, според информациите на полскиот портал за одбрана и безбедност „Defence24“ и украинскиот медиум „Kyiv Post“.
Оперативната команда на полските вооружени сили и полските власти истражуваат можно нарушување на воздушниот простор, откако беа пријавени неидентификувани летечки објекти.
На снимки од безбедносни камери, кои кружат на социјалните мрежи, се гледа силна експлозија што се случила околу 06:35 часот по локално време; сепак, видот и потеклото на објектот, како и точната причина за експлозијата, сè уште не се официјално потврдени.



