(Видео) Граѓаните слават во Белград, маскирани мажи го напуштаат Пионирскиот парк

Сè поголем број граѓани излегуваат на улиците во центарот на Белград и слават на Теразије, јавува репортерот на Н1.
Сообраќајот и натаму се одвива, но многу возачи свират додека минуваат низ центарот, а насобраните граѓани играат оро.
Во меѓувреме, поголема група луѓе кои претходно се наоѓале во таканаречениот Ќациленд, во Пионирскиот парк, се упатила кон хотелот „Москва“.
Според известувањето од Н1, додека групата се движела, насобраните граѓани ѝ довикувале: „Каде бегате?“



