(Видео) Граѓани играа оро пред РТС во Белград: „Александар го нема“

Неколку десетици граѓани се собраа вчера вечер пред зградата на Радио-телевизија Србија (РТС) во Белград.
Собирот, кој се одвиваше во мирна атмосфера, привлече внимание поради снимките на кои се гледаат граѓани како играат традиционално оро пред зградата на јавниот сервис, пренесува N1 Србија.
Според снимките објавени на социјалните мрежи, групата играла пред зградата на РТС, а засега нема информации за какви било инциденти.
Не е објавено кој го организирал собирот, ниту дали граѓаните изнеле некакви конкретни барања пред раководството на јавниот сервис.



