(Видео) Карпа се откорна и падна врз луѓе во Турција, двајца загинати

Две лица загинаа, а едно е повредено откако карпа се откорна и падна врз луѓе во турскиот регион Кападокија. Според локалните власти, несреќата се случила по обилните дождови што го зафатиле подрачјето, пренесува „Ројтерс“.
Гувернерот на покраината Невшехир, Хусеин Аксој, изјави дека одронот се случил околу 15:15 часот по локално време, во близина на музејот на отворено во местото Гореме.
Делови од една од карпестите формации познати како „самовилски оџаци“ се откорнале и паднале врз луѓето кои се наоѓале во близина. Според гувернерот, причина за одронот биле обилните врнежи.
Спасувачките екипи кои пристигнале на местото на несреќата пронашле две починати лица и едно повредено. Потрагата и проверката на теренот продолжуваат, а државјанството на настраданите засега не е соопштено.
Кападокија, која се наоѓа во централниот дел на Турција, е една од најпознатите туристички дестинации во земјата, препознатливo по своите необични вулкански карпести формации.


