Вторник, 24 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

(Видео) Пукање во училиште во Србија: 17-годишен ученик рани двајца вработени во службата за чистење

Утринава дојде до пукање во техничко училиште во Крагуевац, Србија; според првичните информации, ранети се двајца вработени во службата за хигиена. Како што пренесува порталот Нова.рс, млад човек пукал кон нив од пушка.

Напаѓачот е 17-годишен ученик во училиштето и е уапсен од полицијата, јавува Нова.рс.

Полициски кордон
Зградата на училиштето и околниот простор се блокирани, а на лице место се распоредени полициски сили и припадници на Жандармеријата.

Министерството за внатрешни работи на Србија сè уште нема издадено официјално соопштение во врска со инцидентот.

Поврзани вести