Петок, 30 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

(Видео) Русија изврши напад со балистички ракети врз Киев: избувна пожар

Русија ноќеска изврши напад со балистички ракети врз Киев, при што беа погодени магацини, а оштетени се и станбени згради. Во неколку градски населби избувнаа пожари, а на терен се упатени екипи на итните служби. Според првичните информации, нема повредени лица.

Нападот започна околу 22:45 часот по локално време, кога градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, извести за првите експлозии. Набргу потоа, тој потврди дека руски ракети погодиле магацински објекти во населбата Дарницки, на источниот брег на реката Днепар.

Запалени магацини, оштетени станбени згради
„Погодени се магацински објекти во населбата Дарницки. Избувна пожар“, објави Кличко на „Телеграм“.

Во соседната населба Днипровски, остатоци од ракети паднале во дворот на станбен комплекс, предизвикувајќи пожар. Делумно е уништен и еден деловен објект кој исто така се запалил, но пожарникарите успеале да го стават пожарот под контрола.

На две други локации, од силината на експлозиите се искршиле прозорците на станбени згради. Во еден од дворовите се оштетени и паркирани автомобили.

Според градските власти, екипи на итните служби се испратени на сите погодени локации. Засега нема информации за жртви.

Поврзани вести