Петок, 30 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

На ГП Делчево уапсен 38-годишник од Романија: кај него е пронајдена дрога

Вчера во 23:30 часот на Граничен премин Делчево, на влез во државата, полициски службеници од ГП Делчево при РЦ за ГР Исток го лишија од слобода 38-годишниот П.Л.О. од Романија.

При преглед во неговиот багаж биле пронајдени и одземени две тегли со марихуана и ЛСД.

Лицето било задржано во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани вести