Зошто Меланија Трамп не беше во Белата куќа за време на изборната ноќ?

Меланија Трамп во вторникот не беше покрај својот сопруг, Доналд Трамп, додека тој ги следеше изборните резултати во Белата куќа. Наместо тоа, таа продолжи да се фокусира на своите мировни иницијативи поврзани со Украина, и тоа во момент кога Републиканците го изгубија мнозинството во Конгресот, пренесува „Дејли мејл“.
Извор од Белата куќа потврди дека првата дама не им се придружила на претседателот и неговите соработници во Источната сала, каде што тие ги следеле изборните резултати.
Фокус на мировните напори
Меланија Трамп не ги коментираше изборните резултати. На социјалните мрежи таа објавуваше исклучиво за претстоен настан во Белата куќа, посветен на примирјето во украинскиот град Олешки, кој е под руска контрола, како и во неговата околина. Според претставници на американската администрација, се очекува на настанот во Белата куќа, закажан за четврток, да присуствуваат претставници и од Русија и од Украина.
Во текот на кампањата за изборите на средината на мандатот, Меланија главно се држеше настрана од политичките настани, фокусирајќи се на сопствените иницијативи насочени кон помош на жените и децата.
Еден извор тврди дека таа лично посредувала во разговорите за прекин на огнот меѓу Русија и Украина, а во неделата зборувала и за напредокот на овие напори.



