Калас: ЕУ ја поздравува одлуката на девет европски земји да ги почитуваат санкциите против Белорусија

Европската унија ја поздрави одлуката на Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Албанија, Молдавија, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Украина да ги почитуваат рестриктивните мерки на ЕУ кон Белорусија, објави денес високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас.

Овие земји изјавија дека ќе ги усогласат своите национални политики со одлуката на ЕУ, а Унијата објави дека ја зела предвид нивната посветеност и ја поздравила таа одлука, објави „Бриселс тајмс“.

Во јули, Советот на ЕУ одлучи да воведе рестриктивни мерки против Белорусија „поради нејзиното учество во руската агресија против Украина“, пренесува Танјуг.

Scroll to Top