Британците ја завршуваат ерата на пилотите; доаѓаат беспилотни AI ловци

Шефот на британските RAF изјави дека ерата на борбени пилоти се ближи кон крајот, со првите беспилотни AI ловци ои треба да полетаат над Обединетото Кралство веќе следната година.
Шефот на Британските кралски воздухопловни сили (RAF), Харв Смит, изјави дека борбениот авион од следната генерација на Велика Британија ќе биде последниот борбен авион со екипаж за воздухопловните сили. Тој додаде дека беспилотните летала, користејќи вештачка интелигенција (AI), ќе ја трансформираат воената авијација „толку длабоко колку и транзицијата од авиони со пропелер кон млазни авиони“.
Смит изјави за The Telegraph дека Глобалната програма за борбено воздухопловство (GCAP) – заедничка иницијатива меѓу Велика Британија, Италија и Јапонија за развој на стелт борбен авион од шеста генерација – сè уште ќе има екипаж, но дека идните проекти ќе се состојат од беспилотни летала.
Според него, британските воздухопловни и вселенски сили ќе ги интегрираат своите постоечки авиони Тајфун и Ф-35 со автономни системи за да ја прилагодат војската на оваа нова технологија.
„Цврсто верувам дека беспилотните летала напојувани од вештачка интелигенција ќе ја трансформираат воената авијација исто толку длабоко како што го направи преминот од пропелери на млазни мотори“, рече Смит.
Шефот на RAF додаде дека „беспилотни ловци ќе почнат да летаат во воздушниот простор на Велика Британија следната година“.
„Со правилна употреба, вештачката интелигенција и машините ќе се справат со најопасните задачи наместо луѓето; сепак, технологијата мора да го подобри човечкото расудување, а не да ја замени одговорноста. Авионот GCAP можеби е последниот борбен авион со екипаж што некогаш ќе го изградиме – не затоа што луѓето ќе станат помалку важни, туку сосема спротивното“, заклучи Смит.


