Недела, 22 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Дали тој го заменува Џенсен Хуанг на чело на Nvidia?

Се разгледуваат неколку потенцијални кандидати, меѓу кои еден од најистакнатите е извршниот директор на познат производител на микропроцесори.

„Nvidia“ размислува да го ангажира Рене Хас, извршниот директор на „Arm“, како наследник на Џенсен Хуанг – коосновачот и досегашниот извршен директор на компанијата.

Хас е на чело на компанијата „Arm“, со седиште во Кембриџ, од 2022 година. Според „Гардијан“, претходно тој поминал седум години во „Nvidia“, каде што извршувал функции на потпретседател и генерален директор на одделот за компјутерски производи.

Меѓу другите споменати потенцијални кандидати се Јан Бак, потпретседател во „Nvidia“; Лиса Су, извршен директор на „AMD“; како и Џони Сруџи, раководител за хардвер во „Apple“.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно го предложи поранешниот раководител во „Apple“, Тим Кук, како можен кандидат.

Хуанг се повлече од својата функција на 12 ноември, по извештаите за неговите вонбрачни афери – вклучително и врска со жена за која американските власти се сомневаат дека шпионирала за Кина.

Иако ја призна аферата, тој изрази подготвеност да се врати на чело на компанијата, доколку Управниот одбор процени дека тоа е во најдобар интерес на „Nvidia“.

Сепак, Харви Џонс, претседател на Управниот одбор на овој американски гигант, изјави дека Одборот нема намера повторно да го постави Хуанг на позицијата извршен директор.

Колет Крес, главниот финансиски директор, моментално ја извршува функцијата привремен извршен директор. Оваа недела „Nvidia“ ги објави своите квартални финансиски резултати, кои покажуваат дека приходите на компанијата достигнале 115,84 милијарди долари (приближно 100,2 милијарди евра) – што е двојно повеќе во споредба со истиот период минатата година.

Поврзани вести