Недела, 25 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Наскоро: Football Manager 2027 ќе биде бесплатен пет дена

25.10.2026, 11:18

Претходното издание на Football Manager не помина најдобро, па затоа Sports Interactive овојпат одлучија малку да ги почестат фановите.

Пред да одлучите дали да ја купите играта, ќе можете бесплатно да ја испробате Football Manager 27 на компјутер (PC и Mac) во периодот од 29 октомври до 3 ноември оваа година.

Поточно, почнувајќи од 29 октомври во 20:00 часот (по локално време), па во текот на следните пет дена, FM27 ќе биде бесплатна за корисниците на Steam, Epic Games Store, Microsoft Store, Xbox Game Pass и PC Game Pass.

„Не е потребна дополнителна регистрација – едноставно преземете ја играта и сите режими ќе ви бидат достапни“, се наведува во соопштението на веб-страницата на Football Manager.

Од тимот за развој напоменуваат дека оваа Launch Preview верзија е многу поблиска до финалната верзија отколку која било претходна пробна верзија, а сите зачувани податоци ќе бидат пренесени во целосната игра, доколку одлучите да ја купите.

Поврзани вести