Naughty Dog подготвува два нови проекти сместени во светот на серијалот The Last of Us, иако засега е прерано да се каже точно за што станува збор.
Шефот на студиото, Нил Дракман, потврди дека проектите се во многу рана фаза на развој во пораката по повод The Last of Us Day 2026. Тој изјави дека, по документарниот филм Grounded II, тимот на Naughty Dog почнал да ја разгледува можноста за раскажување нови приказни во рамките на универзумот на The Last of Us.
View this post on Instagram
„Имаме неколку многу возбудливи нови проекти кои се во многу рана фаза, така што засега не можеме многу да откриеме за нив“, истакна Дракман.
Сепак, тој откри еден клучен детаљ. Двата проекта имаат за цел да го прошират канонот на серијалот надвор од настаните прикажани во првите два дела; тоа значи дека Naughty Dog не планира едноставно да ги прераскажува веќе раскажаните приказни, туку истражува нови наративи што дополнително би го прошириле светот на оваа популарна франшиза.
Дракман исто така нагласи дека светот на The Last of Us има големо значење за тимот на Naughty Dog и дека тие не би му се вратиле без приказна за која сметаат дека има смисла. Сепак, тој не прецизираше дали двата споменати проекта се видеоигри, па ќе мораме да почекаме уште малку за конкретни детали.






