Понеделник, 16 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Автобус со млади жени пристигна на 52. роденден на Ди Каприо, фотографиите предизвикаа реакции

Холивудскиот актер Леонардо Ди Каприо го прослави својот 52. роденден со луксузна забава на Беверли Хилс, на која присуствуваа бројни познати личности, но најголемо внимание привлече пристигнувањето на автобус полн со млади девојки, пишува „Боред Панда“.

Забавата се одржала во саботата, на 14 ноември, три дена по неговиот роденден. Меѓу гостите биле Тоби Мегваер, Кејси Афлек, Ал Пачино, Орландо Блум, Џеф Безос, раперот 50 Сент и поранешниот канадски премиер Џастин Трудо.

X (Twitter)

A busload of young women arrives at Leonardo DiCaprio’s 52nd birthday party in Beverly Hills, alongside several Hollywood celebrities https://t.co/z9wwr45r5Z

— non aesthetic things (@PicturesFoIder) November 16, 2026

Погледни на X

Фоторепортерите забележале автобус со млади жени, меѓу кои била и Кортни Борнер, позната од реалното шоу „Love Island USA“. Фотографиите предизвикале бројни коментари на социјалните мрежи, каде што дел од корисниците повторно ја критикувале склоноста на актерот кон помлади партнерки.

Со тоа повторно се актуализирала познатата теорија дека Ди Каприо ги прекинува врските кога неговите девојки ќе наполнат 25 години. Во минатото тој беше во врска со Жизел Бундшен, Бар Рафаели и Камила Мороне, а неколку од неговите врски завршија околу таа возраст.

Сепак, неговата сегашна врска не се вклопува во оваа теорија. Од 2023 година Ди Каприо е во врска со италијанската манекенка Виторија Черети, која има 28 години.

Според извор близок до актерот, Ди Каприо и претходно бил незадоволен од ваквиот имиџ во јавноста и сакал да изгради позрела љубовна врска.

Поврзани вести