Беа во брак 10 години, имаат три деца и имаат посебен однос: „Тој е прекрасен партнер“

Џенифер Гарнер повторно проговори за својот однос со поранешниот сопруг, Бен Афлек – од кого се разведе во 2018 година и со кого одгледува три деца.
Актерката Џенифер Гарнер и актерот Бен Афлек првпат се запознале во 2000 година на снимањето на филмот „Перл Харбор“, а се зближиле две години подоцна, за време на снимањето на „Дердевил“. Врската ја започнале во летото 2004 година, а се свршиле во април следната година.
Пет години подоцна, во 2005 година, стапиле во брак на островите Туркс и Кајкос. Нивниот брак траел десет години, во текот на кои добиле три деца, а разводот бил финализиран во 2018 година. Интересно е тоа што тие ја објавија разделбата само еден ден по десеттата годишнина од бракот. Сепак, тие задржаа близок, пријателски однос заради заедничкото родителство – динамика што ја негуваат и денес.
Џенифер Гарнер повторно го истакна ова, зборувајќи многу пофално за својот поранешен сопруг за време на гостувањето во емисијата „Sunday Today with Willie Geist“.
„Бен е многу флексибилен и одличен партнер во одгледувањето на децата“, изјави актерката. Поддршката од Бен ѝ овозможува да прифаќа работни ангажмани и проекти во други градови и земји; на пример, таа помина еден месец на островот Нантакет снимајќи ја серијата „Five Star Weekend“.
„Децата можат да останат со татко им. Тој се грижи за нив. Во тој поглед тој е одличен партнер, што ми дава голема слобода“, изјави таа претходно за „Entertainment Weekly“. И Бен Афлек зборуваше за нивниот добар однос како поранешни партнери минатиот месец во истата емисија, кога рече: „Мајка им е фантастична, па поради неа секогаш имам чувство дека не ги исполнувам очекувањата.“
Тој исто така додаде дека понекогаш на шега им вели на децата: „Мислам дека сум успешен како татко околу 75 отсто, исто како што мајка ви е успешна како мајка“, на што децата му одговараат дека е „можеби 40 отсто“. Тој исто така истакна дека ѝ е благодарен на својата поранешна сопруга за меѓусебната почит и разбирање, што тој го смета за најважно при одгледувањето деца со личност која е поранешен партнер.


