(Фото) Атрактивната Колумбијка повторно во љубов по скандалот со поранешниот сопруг

Актерката Софија Вергара и Ден Рејнолдс, фронтменот на групата „Imagine Dragons“, поттикнаа шпекулации дека се во врска. На интернет кружат фотографии од нив двајцата.
Според извештаите на странските медиуми, Софија Вергара и Ден Рејнолдс биле забележани на заедничка вечера во Лос Анџелес. Еден конкретен детаљ ѝ паднал во очи на јавноста, што дополнително ги подгреа гласините за можна романса.
Имено, парот бил виден како се држи за раце во ресторанот „Чиприани“, што се протолкувало како јасен знак дека меѓу нив можеби се раѓа романтична врска.
Сепак, тие не биле сами; во друштво им биле блиски пријатели. Според „TMZ“, Вергара и Рејнолдс го напуштиле ресторанот заедно околу 00:30 часот по полноќ, користејќи го задниот излез за да избегнат да бидат забележани или фотографирани од новинарите.
Во меѓувреме, Софија и нејзиниот поранешен сопруг, Џо Манганиело, водат медиумска војна, при што честопати пред јавноста го изнесуваат „валканиот веш“ од нивниот брак. Џо неодамна проговори за периодот кога се борел со автоимуна болест, откривајќи дека Софија Вергара се однесувала лошо кон него во тоа време.
Набргу по овие изјави, познатата актерка возврати со објава на својот профил на Инстаграм, која се однесува на нарцисоидни мажи.
