Четврток, 12 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

(Фото) Стомачни мускули цврсти како челик, дури и во шестата деценија: Хју Џекмен ги воодушеви жените

Хју Џекмен покажа неверојатна физичка форма на една позната плажа во Сиднеј, воодушевувајќи ги присутните со своето извајано тело – глетка поради која многу жени сигурно ќе ѝ позавидат на неговата партнерка.

Познатиот актер Хју Џекмен уште еднаш докажа дека годините се само бројка, покажувајќи ниво на физичка подготвеност на кое би можеле да му позавидат дури и колеги што се двојно помлади од него.

Холивудскиот миленик – најпознат по улогата на неустрашливиот Вулверин – го искористи сончевиот ден во својот роден Сиднеј за да ужива на прочуената плажа Бондаи, во друштво на својата партнерка, актерката Сатон Фостер.

X (Twitter)

Hugh Jackman and Sutton Foster enjoy loved-up Bondi Beach date as actor shows off ripped physique during Sydney outing https://t.co/FJ1n49IgLy

— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) November 10, 2026

Погледни на X

Само неколку недели откако го прослави својот 58-ми роденден, Џекмен ја соблече маицата, откривајќи извајан торзо и совршени стомачни мускули, што веднаш ги привлече погледите на сите присутни на плажата.

Двојката изгледаше сосема опуштено и среќно, наизменично разладувајќи се во океанот, шетајќи долго по врелиот песок и фрлајќи фризби.

Дека ваквата физичка форма не е случајна – туку резултат на голема дисциплина – потврдува и фактот што во брановите на актерот му се придружи неговиот долгогодишен личен тренер, Мајкл Рајан, човекот кој се грижи за физичката подготвеност на Џекмен веќе повеќе од три децении.

Сатон секако има многу причини за насмевка, но можеби и причина да биде на штрек – бидејќи Хју очигледно никогаш не изгледал подобро.

Поврзани вести