(Фото/Видео) Фаталната Русинка сега е секси ѓаволица: се вовлече во латекс и го покажа своето тело

Руската манекенка Ирина Шајк повторно го привлече вниманието на светот. Наместо некоја стилска модна комбинација или гламурозна креација, овој пат видовме „секси ѓаволица“ во црвен латекс.
Иако Ноќта на вештерките – која се слави ширум светот помина, одредени костими на славните личности сè уште го привлекуваат вниманието на модните критичари на интернет. По вревата што се крена околу Рита Ора и нејзиното длабоко деколте, сега и оваа „секси ѓаволица“ во црвен латекс дојде во центарот на вниманието.
Станува збор за руската манекенка Ирина Шајк, која беше излезена да собира слатки со својата ќерка и поранешниот партнер, Бредли Купер. За таа пригода, таа се одлучи за впечатлива – и прилично провокативна – облека, која ги сврте погледите на минувачите.
Една од најубавите манекенки во светот носеше црвен латекс комбинезон, искомбиниран со црвени чевли на високи потпетици, кои дополнително ја истакнаа нејзината витка фигура. Црвените рогови на главата открија дека Ирина се маскирала во ѓавол – или поточно, во „секси ѓаволица“.
Таа го заокружи изгледот со впечатлива шминка и брановидна коса, а на Инстаграм сподели фотографии и видео од својата комбинација. Судејќи според коментарите, многумина останаа целосно воодушевени од нејзиниот костим.
„Кралица“, „Каква дива“ и „Изгледаш неверојатно жешко“ беа само дел од реакциите…

