(Фото/Видео) Го запали интернетот со празнична колекција на долна облека: „Сама дома“ – дива и провокативна

Сидни Свини претстави ексклузивна колекција на долна облека за својот бренд, SYRN, предизвикувајќи голема возбуда на интернет со своите секси нови изданија прикажани во кампањата.
Американската актерка Сидни Свини продолжува да привлекува големо внимание во јавноста; во последните месеци таа е исклучително активна во промовирањето на кампањите за нејзиниот бренд за долна облека, SYRN.
Самата Сидни е заштитно лице на сите свои кампањи – факт што ги воодушевува нејзините обожаватели, кои често го фалат нејзиниот впечатлив изглед и тврдат дека никој друг не би можел да ја преземе таа улога.
Неодамна, таа предизвика бурни реакции и критики поради реклама во соработка со платформата за спортско обложување „Novig“, во која се појави целосно гола. Иако тие сцени разгневија милиони луѓе, овој пат ситуацијата е поинаква – таа е, барем делумно, облечена.
Најновата колекција на долна облека на Сидни Свини е претставена преку креативен видео-концепт во кој актерката рекреира култни моменти од филмското платно.
Таа започнува со доловување на класичната зимска атмосфера од хитот „Сам дома“ (Home Alone), лежејќи на кауч со сладолед; потоа, штом го вклучува телевизорот, сцената се менува во нешто сосема поинакво. Ја гледаме во улога инспирирана од ликот Синди Лу Ху од класиката „Гринч“, додека го украсува својот дом за празниците.
Како што е најавено во рекламата, четири ексклузивни празнични колекции на долна облека ќе бидат достапни за купување од 27 октомври. Сидни ги охрабрува жените што поскоро да ги набават своите омилени парчиња, бидејќи станува збор за ограничена серија, а залихите се ограничени. Сидни Свини не е единствената што поседува и промовира сопствен бренд за долна облека.
Пред неа, тоа го направи Ким Кардашијан со брендот SKIMS, а потоа и Ријана со брендот Savage X Fenty.
Актерката има за цел да им конкурира – нешто што таа јасно го истакна и во минатото.
„Тајната конечно е откриена… Ова е долна облека што ја носите за СЕБЕ – без објаснувања, без извинувања. Сакав да создадам простор каде што жените можат слободно да ги истражуваат сите различни верзии на тоа кои се тие“, изјави Сидни при лансирањето на брендот.

