Понеделник, 19 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

(Фото/Видео) Кајли Џенер го носеше „Fantasy Bra“ на пистата на „Victoria’s Secret“ и предизвика бес

19.10.2026, 10:08

Кајли Џенер приреди големо изненадување на модната ревија на „Victoria’s Secret“, дебитирајќи на пистата во Лос Анџелес со спектакуларен изглед. Во неделата навечер, таа прошета по пистата носејќи го култниот „Fantasy Bra“ – градник украсен со дијаманти – во комбинација со огромни бели крилја од пердуви.

Сепак, нејзиното неочекувано појавување на ревијата во 2026 година предизвика бран на револт кај обожавателите, при што многумина повикаа на бојкот, пренесува „Daily Mail“. Критичарите ја оценија одлуката на брендот да ѝ дозволи на ријалити ѕвездата да го носи овој култент предмет – чија вредност се проценува на 50 милиони долари – како навреда.

Ова е првпат „Fantasy Bra“ да се врати на пистата по 2018 година, а Џенер стана првата личност во историјата што го носела, иако не е официјален „Ангел“ на „Victoria’s Secret“.

Револт на социјалните мрежи
Платформите на социјалните мрежи беа преплавени со негативни коментари. „Ова е НЕПРИФАТЛИВО“, напиша еден корисник на платформата X, додека друг додаде: „На ’Victoria’s Secret‘ навистина им снема креативност. Тоа е најскапото, а сепак наједноставното нешто досега. И потоа ја носат некоја од семејството Кардашијан/Џенер, со што дополнително го обезвреднуваат сето тоа“.

„Од сите луѓе на светот, зошто, по ѓаволите, ѝ го дадоа ’Fantasy Bra‘ токму на Кајли Џенер?“ – стоеше во еден од коментарите.

Многумина сметаа дека оваа чест требало да им припадне на искусни манекенки. „Да му се даде ’Fantasy Bra‘ на Кајли Џенер, наместо на некоја од оригиналните девојки на ’Victoria’s Secret‘?“ – праша еден корисник, додека друг заклучи: „Ревијата беше целосен хаос. Осветлувањето беше лошо, снимателот изгледаше изгубено, настапите беа во прв план наместо манекенките, а тоа што ’Fantasy Bra‘ ѝ го дадоа на Кајли Џенер е вистинска шлаканица за вистинските манекенки на ’Victoria’s Secret‘“.

Facebook · кликнете за да се вчита објавата

Имаше и шеги на сметка на нејзината сестра, манекенката Кендал Џенер. „Кендал не одговори, па мораа да ја повикаат Кајли“, иронично забележа еден корисник.

„Ја сакам Кајли, но ’Victoria’s Secret‘ ме навредија со тоа што најскапиот ’Fantasy Bra‘ во историјата ѝ го дадоа на Кајли Џенер – ова е НЕПРИФАТЛИВО“, изјави друг разочаран обожавател. И покрај критиките, Кајли самоуверено чекореше по пистата, со насмевка на лицето. Од публиката ја бодреа нејзиното момче, Тимоти Шаламе, и нејзината мајка, Крис Џенер. Таа носеше долга, темна коса, стилизирана во опуштени бранови, а изгледот го заокружи со розево руменило и сјај за усни.

Градник вреден 50 милиони долари
Овој спектакуларен градник е создаден во соработка со луксузната куќа за накит „Jacob & Co.“. Централниот дел го сочинува масивен жолт дијамант, проценет на 22 милиони долари, придружен од уште 4.410 природни дијаманти, пренесува магазинот Hello!. Последен пат, овој модел го носеше манекенката Елса Хоск во 2018 година.

Џувелирот Џејкоб Арабо објасни дека дизајнот е инспириран од колекцијата накит „Rare Touch“, која користи посебни структури што им овозможуваат на металот и скапоцените камења да се движат во склад со телото. „За мене, дијамантите, светлината и движењето мораа да бидат во прв план“, изјави тој во официјалното соопштение. За магазинот Vogue додаде дека градникот е „изработен целосно од злато и дијаманти – нема никаков текстил“, што значело дека постигнувањето совршено вклопување на телото претставувало голем предизвик.

Кајли го искомбинира градникот со светкаво бело мини-здолниште, украсени ремени поставени високо на колковите и проѕирни сандали со потпетица. По ревијата, таа објави фотографија на Инстаграм со натпис: „Најдобриот ден досега“.

Поврзани вести