(Фото/Видео) Најубавата Унгарка прошета на пистата на „Victoria’s Secret“ само шест недели откако се породи

Унгарската манекенка Барбара Палвин се врати на пистата на „Victoria’s Secret“ само шест недели откако го роди своето прво дете, ќерката Силви, која ја доби со својот сопруг, американскиот актер Дилан Спраус.
Триесет и тригодишната манекенка учествуваше на модната ревија одржана во неделата, 18 октомври, во Лос Анџелес, каде што се појави во две впечатливи изданија.
Се појави на пистата во две комбинации
За еден дел од ревијата, Барбара носеше бел, светкав корсет со високо исечени страни и проѕирни детали.
Комбинацијата беше заокружена со големи бели крилја, украсени со сложени детали што потсетуваат на снегулки, како и со кристали.
За своето второ појавување на пистата, таа избра кратко, проѕирно розово неглиже со чипкасти детали и тенки прерамки, искомбинирано со розови сандали со високи потпетици.
И во двете изданија, косата ѝ беше пуштена и обликувана во благи бранови, а изгледот беше надополнет со суптилна шминка.
Откри зошто се вратила на пистата толку брзо
Зад сцената, Барбара за магазинот People зборуваше за враќањето на работа кратко по раѓањето на нејзината ќерка Силви.
„Утре се навршуваат точно шест недели од породувањето. Мислам дека во САД повеќето жени и онака мораат да се вратат на работа по шест недели, така што тоа не е ништо необично“, изјави таа.
Иако смета дека нејзиното брзо враќање на работа не е ништо невообичаено, таа нагласи дека ѝ значи многу тоа што „Victoria’s Secret“ ја поканиле да учествува на ревијата.
„Се чувствувам одлично. Мислам дека е прекрасно што тимот на ‘Victoria’s Secret’ ме покани на ревијата и што, на овој начин, им даваме поддршка на жените“, рече таа.




