(Фото/Видео) Кајли Џенер во фустан со гол грб на гала вечер

Најновото појавување на Кајли Џенер на црвениот тепих беше вистинско модно уживање.
На гала-настанот во Музејот на уметност на округот Лос Анџелес (LACMA), Кајли Џенер позираше во тесен фустан покриен со светки, кој привлече внимание не само со својот блескав ефект, туку и со еден сосема неочекуван животински мотив.
Фустанот – од колекцијата висока мода за есен 2026 година на „Ashi Studio“ – се одликуваше со крој што го следи телото, длабоко заоблен изрез, отворен грб и долго здолниште што се влечеше по подот. Украсен со светки и необичен мотив на елен во нијанси на бордо и светлосина боја, фустанот ја рефлектираше светлината, блескајќи речиси како течност. Впечатлив детал беа и раскошните реси што се спуштаа по нејзиниот грб, пренесува „InStyle“.
Кајли се одлучи за минималистички накит, со исклучок на еден впечатлив, голем дијамантски прстен на малиот прст од левата рака. Косата ѝ беше разделена на средина и стилизирана во опуштени, волуменозни и благо разбушавени бранови што ѝ паѓаа преку рамената.
Изгледот го заокружи со заводлива шминка, која вклучуваше нежни кафеави тонови за ефект на „зачадени очи“ (smokey eye) и кармин во пригушена розова нијанса.
Џенер ја покажа својата модна комбинација и на Инстаграм, споделувајќи неколку фотографии од настанот со натпис: „Божиќ оваа година пристигна порано“, притоа означувајќи го „Ashi Studio“.
Ова не е првпат Кајли да избере креации од оваа модна куќа за своите впечатливи појавувања на црвениот тепих.
Уште во јануари, таа се појави на доделувањето на наградите „Златен глобус“ во придружба на своето момче, Тимоти Шаламе, носејќи блескав златен фустан со кристални детали и тенки прерамки – парче за чија изработка, наводно, биле потребни 300 часа.
Во март минатата година, „Ashi Studio“ исто така креираше смел црн фустан од проѕирна чипка со детали во стил на корсет, кој Кајли го носеше на забавата по доделувањето на Оскарите – повторно во придружба на Шаламе.




