Вторник, 20 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

(Фото/Видео) Ќерката на Коби Брајант дебитира на модната ревија на VS: Конечно го оствари својот сон

20.10.2026, 08:50

Наталија Брајант, најстарата ќерка на покојната кошаркарска ѕвезда Коби Брајант, дебитираше на модната ревија на Victoria’s Secret и ги воодушеви сите со својот изглед.

Facebook · кликнете за да се вчита објавата

Наталија Брајант конечно го оствари својот сон од детството. Таа прошета по пистата за познатиот бренд за долна облека Victoria’s Secret и остави силен впечаток со својот изглед.

Таа се појави облечена во црн градник, розов кардиган и фармерки украсени со кристали. Комбинацијата на 23-годишната девојка силно потсетуваше на модата од 2000-тите, со јасен акцент на младешка естетика и колоритни парчиња облека.

Својот изглед го заокружи со софистицирана фризура, едноставна шминка и впечатливи, големи обетки.

Пред почетокот на ревијата, Наталија изјави за магазинот Page Six дека е „пресреќна што учествува“. Таа додаде дека уште од мала секоја година ја следела модната ревија на Victoria’s Secret и дека посветено се подготвувала за овој голем спектакл.

Поврзани вести