Спектакл во најава, ПСЖ ја чека Барселона на „Паркот на принцовите“
Лигата на шампионите продолжува со натпреварите од третото коло од лигашката фаза, вечерва се играат девет натпревари кои би можеле да влијаат на распределбата на силите на табелата. Вторник носи разновидна програма, но рефлекторите сепак ќе бидат насочени кон Париз, каде што ПСЖ и Барселона ќе играат една од најзвучните средби оваа сезона во ЛШ.
Кога ќе се сретнат Пари Сен Жермен и Барселона, очекувањата се големи без оглед на околностите. Францускиот гигант ги пречекува Каталонците на „Паркот на принцовите“.
Во претходното коло, ПСЖ покажа сила со победа од 4:2 над Манчестер Сити на гости, додека Барселона беше убедлива против Галатасарај, славеше среде Истанбул со 4:1.
Фактот дека Барселона имаше променливи резултати против Парижаните во претходните сезони дава посебна тежина на средбата. ПСЖ славеше во последниот меѓусебен натпревар, одигран во октомври 2025 година, кога победи со 2:1 на гости.
Сега тимот на Ханси Флик ќе се обиде да возврати, но јасно е дека имаат тешка задача пред себе против тим кој покажа колку може да биде опасен во натпреварите во ЛШ.
Се очекува отворен натпревар, со многу индивидуални дуели и простор за играчи кои можат да го променат текот на играта со еден потег.
Денешната програма започнува во 18:45 часот, кога Фенербахче ќе биде домаќин на Славија Прага, додека Сабах ќе игра против Борусија Дортмунд во Баку. Германскиот претставник има амбиции да се вклучи во борбата за самиот врв, но ќе мора да ја потврди улогата на фаворит на гостински терен во Азербејџан.
Манчестер Сити ќе бара рехабилитација за убедливиот пораз во минатото коло од ПСЖ, во дуелот со грчкиот првак АЕК. Ливерпул, на „Енфилд“, ќе има тешка задача во дуелот со Виљареал.
Рома и Слован Братислава, Порто и ПСВ, како и Наполи и Боде/Глимт ќе излезат на теренот од 21:00 часот. Рома сака да ја искористи предноста на домашен терен против словачкиот претставник, додека Порто и ПСВ влегуваат во дуел во кој деталите би можеле да го одлучат победникот.
Наполи ќе се обиде да се опорави од поразот во Шпанија, 1:3 ппрогив Виљареал, но Боде/Глимт веќе покажаа дека можат да бидат незгоден противник, откако ја победија Борусија Дортмунд со 1: 0 во претходното коло.
Многу интересен натпревар се очекува и во Германија, каде Штутгарт ќе го пречека Атлетико Мадрид, кој се наоѓа во среија од шест победи во сите натпреварувања.
Foto/ Depositphotos



