Петок, 27 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

(Фото/Видео) Ријана позираше целосно гола со ќерка си во рацете

Ријана позираше целосно гола со ќерка си во прегратки, покривајќи ги интимните делови од телото само со чанта од „Диор“ – што предизвика вистинска бура на социјалните мрежи.

X (Twitter)

“A lady is a prism. In a way that light shines through a prism and becomes multidimensional, and every color performs at a different angle. There’s no one way to truly define us.” – Rihanna

The new Lady Dior 2027 Campaign features Rihanna and her daughter Rocki Irish Mayers.

#LadyDior

— Dior (@Dior) November 19, 2026

Погледни на X

Пејачката Ријана уште еднаш ги помести границите на модната провокација во кампања која веќе привлекува огромно внимание. Музичката ѕвезда од Барбадос се соблече целосно и позираше со својата ќерка, Роки, во прегратките, за потребите на нова рекламна кампања на француската модна куќа „Диор“ – а фотографиите што произлегоа од тоа се сè, само не обични.

Иако сме навикнати на провокативни визуелни прикази кога Ријана е заштитно лице на кампањи за нејзиниот сопствен бренд, овој пат таа навистина ги надмина сите граници.

Во минималистичко студио, Ријана позираше без облека, користејќи само црна, прошиена чанта „Lady Dior“ – која ја носеше преку рака – за да ги покрие своите интимни делови. Во прегратките ја држеше малата Роки, која беше облечена во бела долна облека.

Овие провокативни сцени се дел од новата кампања за култните чанти „Lady Dior“, а фотографиите од мајката и ќерката веќе предизвикаа голем интерес. За разлика од смелите студиски фотографии, во една поумерена верзија од кампањата, Ријана и нејзината ќерка се појавуваат облечени во елегантни црни кожни јакни.

Нивните фотографии се појавија и на огромни билборди долж познатиот „Сансет булевар“ во Лос Анџелес, каде што кампањата го привлекува вниманието на минувачите.

Со овој проект, Ријана ја продолжува својата долгогодишна соработка со престижната париска модна куќа. Нејзината поврзаност со „Диор“ датира уште од 2015 година, кога стана амбасадор на брендот, а од 2024 година таа го претставува и нивниот култент парфем, „J’adore“.

Поврзани вести