„Идниот партнер мора да ги прифати сите мои пластични операции и не смее да има …“

Клои Кардашијан точно знае каков маж сака покрај себе, а сите детали ги откри во новата епизода од реалното шоу The Kardashians.
Во една епизода од реалното шоу The Kardashians, 42-годишната Клои Кардашијан отворено разговараше со својата сестра, Ким Кардашијан, за квалитетите што би сакала да ги поседува нејзиниот иден партнер. Заедно, тие составија „листа на желби“ со особини што Клои се надева дека ќе ги привлече во својот живот – иако официјално сè уште практикува целибат.
„Само сакам тој да биде отворен кон сите естетски третмани, или барем да не ме осудува за работите што одлучувам да ги направам“, изјави коосновачката на брендот „Good American“, додека Ким (46) ги запишуваше нејзините барања, како што пренесува магазинот People.
„Тој мора да нема проблем со пластичните операции“, предложи Ким.
„Апсолутно“, се согласи Клои.
Нивниот разговор беше поттикнат од „домашна задача“ што Клои ја добила од својот терапевт. Ким се понуди да ѝ помогне на својата помлада сестра да состави листа – наречена „Листа на желби на Клои“ – при што дури и изјави дека вештината на манифестирање ја научила од Мајкл Џексон.
Клои спомна и други важни квалитети кои не се поврзани само со физичкиот изглед. Нејзиниот иден партнер треба да биде „маж кој верува во Бог“ и е „успешен во својата кариера“.
„Не сум некој ловец на пари или слично“, се пошегува таа.
Сепак, постоеше една конкретна физичка карактеристика за која призна дека едноставно не може да ја занемари. „Не смее да има микропенис“, рече Клои, беше сосема директна.
За време на разговорот со сестра ѝ, Клои исто така нагласи дека ѝ е важно идниот партнер да биде некој што ќе ја поддржува и за кого семејството е на прво место.
„Сакам некој што ќе ми биде најголема поддршка и навивач, бидејќи и јас сакам да бидам истото за него“, објасни таа.
