Четврток, 5 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Синди Лопер за тешкиот период од нејзиниот живот: Се криев од музичарите што ги познавав

Синди Лопер се потсети на периодот кога, по распадот на бендот „Blue Angel“, работела во продавница за винтиџ облека во Њујорк, пред да стекне светска слава како соло пејачка. Таа призна дека ѝ било непријатно кога музичари што ги познавала доаѓале во продавницата, објавува Vijesti.me.

Пејачката, која има 73 години, била членка на бендот „Blue Angel“ на почетокот на својата кариера, а во интервју за списанието „People“ зборувала за периодот што следел откако групата престанала да постои.

Синди ја нашла работата благодарение на Лаура Вилс, сопственичката на продавницата за винтиџ облека во Њујорк „Screaming Mimi’s“, каде што често пазарувала.

„Пазарував таму кога бев во бендот, мојот прв бенд што снимаше албуми. Ја обожавав облеката. И потоа, еден ден, кога бендот повеќе не постоеше, ми беше тешко да прифатам дека навистина завршило. Една пријателка ми рече: „Зошто едноставно не работиш во „Скриминг Мими“? Ќе ја обожаваш облеката, местото и луѓето“, рече пејачката.

Иако на почетокот се двоумеше, Синди на крајот одлучи да ѝ се обрати на Лаура и да ја праша за работа.

„Ме вработија. Веројатно не беше најдоброто решение, бидејќи кога ќе дојдеа други музичари што ги познавав, се криев под шанкот или ја земав чантата и се шетав низ продавницата преправајќи се дека самата ја гледам облеката. Кога ќе си заминеа, повторно станував продавачка“, се присети таа.

Поврзани вести