Том Хенкс откри кој филм го смета за најдобар на сите времиња: „Беспрекорен е“

Додека некои луѓе брзо се заморуваат од идејата повторно да гледаат ист филм, Том Хенкс откри дека постои еден наслов што би можел да го гледа засекогаш.
Познатиот актер има одбрана група филмови на кои постојано им се навраќа, но еден од нив го смета за апсолутно совршен, пренесува „Far Out Magazine“.
Меѓу неговите омилени се издвојува „2001: Одисеја во вселената“ на Стенли Кјубрик. Том Хенкс откри дека му се навраќа на овој научно-фантастичен класик неколку пати годишно – практика што ја одржува уште откако првпат го гледал филмот во 1968 година.
Што се однесува до неговите сопствени филмови, Хенкс веројатно би го избрал „That Thing You Do!“. Иако со текот на времето се стекна со култен статус, актерот во изминатите 30 години често изразувал жалење што неговото режисерско деби, во времето кога излезе, остана главно незабележано од публиката.
Во едно интервју, од Хенкс беше побарано да ги наведе петте најдобри филмови на сите времиња. Бидејќи на вакво прашање е тешко да се одговори „од ракав“, тој ја опиша својата листа како избор на филмови што може да ги гледа одново и одново, без притоа никогаш да му здосадат.
На листата, очекувано, се наоѓаат „2001: Одисеја во вселената“ и „Слон“ (Elephant) на Гас Ван Сент, но Хенкс издвои еден филм за посебна пофалба: ремек-дело на браќата Коен.
„’Фарго’. Можете едноставно да го гледате одново и одново. Јас, секако, можам. Мислам дека е совршен. Го сметам за апсолутно беспрекорен“, изјави Хенкс.

