Томас Милер објави прва фотографија со новата девојка

Томас Милер (37) за првпат објави фотографија на социјалните мрежи на која се гледа неговата нова девојка. Долгогодишната ѕвезда на Баерн сподели серија фотографии и видеа на Instagram со натпис „Голема насмевка“, а на една од нив тој прегрнува помлада жена од зад грб. Иако лицата не им се гледаат, се верува дека станува збор за 26-годишната Ив Роуз Битбол, пренесува „Билд“.
Германските медиуми првпат известија за новата девојка на поранешниот германски репрезентативец – кој има одиграно 131 натпревар за националниот тим – кон крајот на јули. Парот веќе се појавуваше заедно во јавноста, на пример на Октоберфест.
Според весникот AZ, тие поминале една вечер во еден од помалите шатори заедно со поранешниот фудбалер Матс Хумелс (37) и неговата девојка, манекенката Никола Каванис (27). Кратко потоа, четворицата вечерале заедно во Париз, во ресторанот Costes. Сепак, досега Милер немаше објавено фотографии од својата нова партнерка.
Битбол, која е Французинка, веќе присуствувала на неколку натпревари на тимот на Милер, Ванкувер Вајткепс, но таа главно се држи подалеку од очите на јавноста. Дипломирала на престижната бизнис-школа ESSEC и работи во финансискиот сектор.
На почетокот на јуни, Милер јавно потврди дека се развел од својата поранешна сопруга Лиза, иако нивниот брак, наводно, завршил многу порано. Шампионот од Светското првенство во 2014 година се пресели од Баерн во МЛС лигата во летото 2025 година, приклучувајќи му се на клубот Ванкувер Вајткепс. Лиза тогаш не замина со него во Канада.



