Петок, 16 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Во Шпанија се одржува Светското првенство во редење сложувалки

18.09.2026, 17:26

Светското првенство во редење сложувалки се одржува од 16 до 20 септември во шпанскиот град Ваљадолид, а натпреварувачите се натпреваруваат во поединечна конкуренција, во парови и во тимови.

Првенството почна во средата, а меѓу посебните предизвици е редење сложувалка со мотиви од „Покемон“ составена од дури 42.000 парчиња.

Во поединечната конкуренција натпреварувачите имаа задача да состават сложувалки од 500 парчиња во ограничено време, додека денеска на програмата се квалификациите за парови и финалето за организации, во кое тимовите составуваат сложувалка од 2.000 парчиња.

Последниот ден, во недела се финалињата во конкуренција на парови и поединечно. Светското првенство ќе заврши со церемонија за доделување на наградите.

Поврзани вести