Понеделник, 23 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Бизнис

240 вести во последните 90 дена
Левица: Мицкоски тврди дека економијата е многу, многу постабилна, а секое трето дете живее во сиромаштија

Владата на Мицкоски се фали со економска стабилност и раст на БДП од над 3,5%, со раст на извозот од 11,5% и увозот од 8,5%. Но, додека Владата зборува за проценти, 22% од граѓаните живеат под прагот на сиромаштија, а речиси секое трето дете живее во сиромаштија. Дури 38% од децата живеат во услови ризични за нивното…

19.10.2026
МБА: Се наближува примената на новите стандарди во националниот платен промет – промените не значат промена на постојните платежни сметки

Македонската банкарска асоцијација ја информира јавноста дека во текот на месец ноември започнува примената на донесените регулаторни промени со кои се воведуваат промени во платните налози, ознаките за целта на плаќањето и начинот на означување на платежните сметки. Промените произлегуваат од Законот за платежни…

19.10.2026
Народната банка со зајакнати статистички и аналитички капацитети

Народната банка постојано работи на унапредување на квалитетот, опфатот и навременоста на податоците, постигнувајќи висока усогласеност со меѓународните стандарди, беше истакнато на средбата на гувернерот Трајко Славески и делегацијата на Народната банка со претставниците на Одделот за статистика на Меѓународниот…

19.10.2026
Мицкоски: Се градат два гасоводни интерконектори со што драматично ќе се зголеми гео-стратешкото значење на Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на гасификацијата до каде е процесот, кој ќе биде бенефитот за граѓаните и кога може да се очекува да заврши, изјави: „Во овој момент како никогаш до сега, се градат два гасоводни…

16.10.2026
Економско-финансискиот совет на Левица: Владата го зголемува товарот на задолжувањето, а ги намалува инвестициите во развојот

Економско-финансискиот совет на Политичката партија Левица одржа состанок на кој беа присутни пратеникот Борислав Крмов, координаторот на сектор финансии Марјан Димитриев, координаторот на сектор политичка економија Дамир Хајрединовиќ и останати членови. На состанокот беа разгледани состојбите во јавните финансии…

16.10.2026
Божиновска на средба со претставници од ЕБОР: Заложбите за стабилен енергетски систем препознаени како услов за просперитет на државата

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со претставници од Бордот на директори на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) коишто се во посета на земјава. Во рамките на делегацијата од ЕБОР, составена од директори надлежни за различни региони, беа…

16.10.2026
Серафимовски: Поголема економска самостојност и посилна социјална сигурност за жените земјоделки

Поддршката до 360.000 денари по корисник преку мерката 115 – „Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство“, од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година, и вкупно 100.000 денари за деветмесечен надоместок за мајчинство преку Програмата за поддршка за социјална сигурност на…

15.10.2026
Славески на средби со ММФ: Македонската економија покажува отпорност, а банкарскиот систем останува стабилен

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оствари работни средби со високи претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во рамките на Годишните средби на ММФ и Групацијата на Светската банка, коишто се одржуваат во Бангкок, Тајланд. На средбите присуствуваше и министерката за финансии Гордана…

15.10.2026
Мицкоски: Голема и значајна вест за македонската економија – нова инвестиција на германската компанија „Кромберг и Шуберт“

Премиерот Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи извести „за уште една голема и значајна вест за македонската економија – нова инвестиција на германската компанија ‘Кромберг и Шуберт’, нови 2.000 работни места и производство на делови за германскиот автомобилски гигант ‘Ауди’“. Facebook · кликнете за да се вчита…

15.10.2026
Средба на гувернерот Славески со заменикот на генералниот директор на ММФ, Бо Ли: Независноста и транспарентноста на централната банка се клучни за одржување на стабилноста во услови на неизвесност

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, оствари средба со заменикот на генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Бо Ли, во рамките на Годишните средби на ММФ и Групацијата на Светската банка во Бангкок, Тајланд. Во фокусот на разговорите беа актуелните макроекономски состојби…

15.10.2026
Новиот глобален автомобилски бренд Changan официјално пристигнува во Македонија

Компанијата Еуроимпекс, позната како генерален застапник на 7 брендови, а како најпознати двата глобални автомобилски бренда Peugeot и Opel, од денес официјално станува дом на уште еден автомобилски бренд. „Еуроимпекс“ со официјално го претстави брендот CHANGAN, отворајќи ново поглавје во своето повеќедецениско…

14.10.2026
Димовски во посета на компанијата „Гересхајмер“ во ТИРЗ Скопје 2: континуирана комуникација со цел создавање услови за одржлив раст и понатамошен развој

Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски денес ја посети „Гересхајмер“ во ТИРЗ Скопје 2, каде оствари средба со менаџментот на компанијата, по што следеше и обиколка на производствените капацитети. На средбата се разговараше за тековните активности на компанијата, нејзините развојни планови и можностите за натамошно…

14.10.2026