Понеделник, 16 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

СДС бега од одговорност, кога со ДУИ и нивните бизнис-партнери ја отвораа вратата за „Алта банка“ СДС и Филипче молчеа, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Според ВМРО-ДПМНЕ, во позадина на случајот „Алта Банка“ стојат бизнис интереси на СДС и ДУИ, Бесими ја отворил темата на Влада, додаваат од владејачката партија, а фирма на сватот на Ахмети зела 5 милиони евра кредит.

„Во јуни, семејната бизнис-мрежа на Ахмети зема 5 милиони евра кредит од Мацура од Белград. За во септември, сватот на Ахмети преку „АС Сењак“ му ги продава акциите на истиот тој Мацура за да влезе во „Алта банка Македонија“ и инкасира милиони.

СДС и Венко Филипче должат одговори пред македонската јавност. Наместо денес да глумат загрижени и да делат лекции за сомнителен капитал, нека објаснат што правеле во 2023 година, кога со ДУИ се овозможувале условите за влез на Алта банка во Македонија.

Според јавно објавените информации, фирма поврзана со сватот на Али Ахмети поседувала акции во Стопанска банка АД Битола, кои подоцна биле продадени на Давор Мацура и Алта банка.

Зошто тогаш СДС немало проблем со потеклото на капиталот и деловните релации, или проблемот се појави дури кога политички им стана погодно да зборуваат за тоа?

Зошто Филипче тогаш молчеше? Зошто СДС не поставуваше прашања и не бараше одговорност? И зошто денес се обидуваат да ја префрлат целата одговорност на други, без да ја објаснат сопствената улога“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДС, оценуваат од таму, не може да бара транспарентност од другите, а да бега од прашањата за сопственото политичко наследство.

„СДС должат одговори на јавноста и целосна транспарентност.

Филипче и СДС, доста со двојните стандарди. Прво одговорете за вашето молчење и за вашата улога во 2023 година, па потоа држете лекции за криминал и сомнителен капитал“.

Поврзани вести