Понеделник, 16 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Лукаку ѝ кажа збогум на Белгија

Ромелу Лукаку го објави своето повлекување од националниот тим, по 16 години во дресот на репрезентацијата.

Лукаку заминува како најдобар стрелец во историјата на националниот тим со дури 94 гола на 135 натпревари, по него следува Кевин Де Брујне со 40 гола на 127 натпревари, трет е пензионираниот Еден Азар со 33.

Јасно е дека Лукаку ќе остане прв на оваа листа уште многу години, а можеби и цела деценија.

„Дадов сè што имав за националниот тим и ја доживеав секоја можна емоција. Благодарам на моите соиграчи, тренери и белгиски навивачи за нивната поддршка. Горд сум што ја претставував мојата земја на четири Светски првенства и три Европски првенства. Никогаш нема да ги заборавам тие моменти. Беше неверојатно и сум благодарен за тоа“, рече Лукаку.

Foto/ Depositphotos

Поврзани вести