„Жикол“ на Саемот за недвижности: Добриот дом започнува со разбирање на луѓето

Изборот на нов дом е многу повеќе од одлука за локација и квадратура. Тоа е избор на простор во кој ќе се создаваат спомени, ќе се прават планови и ќе се гради заедничка иднина. Токму со оваа мисла, градежната компанија „Жикол“ учествува на Саемот за недвижности, кој се одржува од 29 до 31 октомври во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.
За „Жикол“, саемот е можност за непосредна средба со луѓето што го бараат својот нов дом. Преку лични разговори, посетителите можат поблиску да се запознаат со проектите на компанијата и визијата зад нив, но и да ги споделат сопствените желби, потреби и очекувања од идниот животен простор.

„За нас во Жикол, секој квадратен метар е дел од нечија идна животна приказна. Учеството на Саемот за недвижности е можност лично да ги запознаеме луѓето што го бараат својот нов дом, да ги слушнеме нивните желби и да им ја доближиме визијата зад нашите проекти. Очекуваме отворени разговори, нови соработки и доверба што ќе продолжи и по саемот. Затоа што добриот дом започнува со разбирање на човекот што ќе живее во него“, порачуваат од компанијата.
Овој пристап го става човекот во центарот на разговорот за домувањето. Што му е важно во секојдневието, како го замислува својот простор и што му е потребно за во него да се чувствува како дома, тоа се прашањата што на секоја средба ѝ даваат вистинска вредност.
Доколку сте во потрага по нов дом, посетете го штандот на „Жикол“ на Саемот за недвижности во арената „Борис Трајковски“, до 31 октомври. Запознајте се со тимот, дознајте повеќе за проектите и разговарајте за просторот во кој ја замислувате својата иднина.

